Го вработиле како овчар, а тој им ги украл овците и ги продал за милион денари

од Milan1
79 прегледи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(62) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

– Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, информираат од МВР.

Со тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Слични содржини