Повредени мајка и малолетна ќерка донесени во Ургентно

од Milan1
182 прегледи

На 03.07.2024 година во 15:22 часот во СВР Тетово од Ургентно одделение при Медицински центар во Гостивар било пријавено дека кај нив биле донесени М.Ш.(28) и нејзината малолетна ќерка од гостиварски Градец.

– Тие се здобиле со тешки телесни повреди, откако на нив паднала порта од куќа, сопственост на Р.Ш, информираат од МВР.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Слични содржини