Маж на возраст од 67 години допирал 20-годишна кавадарчанка

од Milan1
65 прегледи

Вчера полициски службеници од Кавадарци уапсиле 67 годишен маж кој бил пријавен дека допирал млада сограѓанка известуваат од СВР- Велес.

„Вчера во 10.35 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода М.Ј., на возраст од 67 години, по претходна пријава дека во станбена зграда во градот, допирал по телото 20-годишна кавадарчанка“, се вели во соопштението на СВР – Велес.

Известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини