100
Околу 50 лица, меѓу кои седум деца, го загубија животот со давење во вода за само еден ден во Русија, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Констатирано е дека во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти на руските реки, езера и мориња, пренесува РИА Новости.
Агенцијата наведува дека ова е рекордна бројка, 10 повеќе од истиот период лани.