Англија трет полуфиналист на ЕВРО2024

од Milan1
16 прегледи

Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на ЕВРО2024 совладувајќи ја Швајцарија на пенали со 5-3, откако четвртфиналната пресметка во Дизелдорф во регуларниот дел и по двете продолженија заврши нерешено 1-1.

Швајцарија поведе во 75 минута со голот на Емболо, но само пет минути подоцна Сака донесе израмнување на резултатот.

Откако во двете продолженија мрежите мируваа, третиот полуфиналист на ЕВРО2024 го одлучи пенал серијата во која Англичаните ги реализираа сите пет удари од белата точка, а Пикфорд го одбрани ударот на Аканџи и ја однесе Англија во полуфиналето.

Слични содржини