Бомба! Бруно Фернандеш го напушта Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Бруно Фернандеш (29) доби дозвола за сензационален трансфер. Ова е реченицата која се појавува во насловите на неколку англиски медиуми кои пишуваат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го пушти Фернандеш да замине во Саудиска Арабија.

Бруно Фернандеш има договор кој трае до јуни 2026 година. Го посакуваат Ал Наср и Ал Итихад, а висината на потенцијалното обештетување се уште не е позната, иако се шпекулира за цифра од 90 милиони фунти, кои би биле од корист за Јунајтед во обидот сериозно да го реновира тимот кој одигра навистина слабо оваа сезона.

Во моментов најблиску до преминување во Јунајтед е Џошуа Зиркезе, напаѓачот на Болоња и холандската репрезентација.

Холандскиот напаѓач е врзан за Болоња до летото 2026 година, а клубот може да го напушти до август доколку некој даде банкарски гаранции во висина од 40 милиони евра.

Слични содржини