Meta лансираше алатка која претвора текст во 3D слики

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Американската технолошка корпорација Meta претстави нова алатка заснована на вештачка интелигенција (ВИ), која ги претвора текстуалните прашања во тридимензионални слики.

Новиот систем „3D Gen“ може да генерира тридимензионални слики со висока резолуција три до десет пати побрзо од претходните модели. Системот се базира на јазичните модели AssetGen и TextureGen.

На платформата Threads, Meta претстави и примери за работата на новата алатка, вклучувајќи тридимензионални слики на пеперутка, куче, нилски коњ и крофна.

Кога корисникот ќе го внесе саканиот текст (промпт), вештачката интелигенција создава тродимензионален модел за помалку од една минута.

Реакциите на корисниците на социјалната мрежа Threads се главно позитивни, но некои експерти се загрижени дека оваа алатка ќе ги замени и ќе им ги преземе работните места.

Слични содржини