Орбан во Кина: Унгарија ја цени кинеската мировна иницијатива, Си: Неопходен е итен прекин на огнот во Украина

од Илинка Илиоска
28 прегледи

„Унгарија многу ја цени кинеската мировна иницијатива во однос на конфликтот во Украина“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на неговата ненајавена посета на Пекинг. Унгарскиот премиер по посетата на Пекинг и претходните посети на Москва и Киев ќе го посети и Вашингтон.

Орбан рече дека за Унгарија е од големо значење што Кина се залага за мир во светот, а не за војна, пренесува порталот „Индекс.ху“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше во ненадејна посета на Пекинг, дека моменталниот фокус е на што е можно повеќе смирување на ситуацијата во Украина и воспоставување услови за обновување на директниот дијалог меѓу Украина и Русија.

Кинеската државна телевизија CCTV го цитираше Си дека прекин на огнот може да се постигне само ако големите сили вложат позитивна наместо негативна енергија, пренесува Ројтерс.

„Меѓународната заедница треба да создаде услови и да обезбеди поддршка за обновување на директниот дијалог и преговорите меѓу двете конфликтни страни. Во моментов фокусот треба да биде на што е можно повеќе смирување на ситуацијата во Украина“, посочи кинескиот лидер.

Тој повика на итен прекин на огнот во Украина и изнаоѓање политичко решение кое ќе им служи на интересите на сите страни.

Третата станица на мисијата мирот

Орбан на социјалните мрежи напиша дека Кина е клучна сила во создавањето услови за мир во војната меѓу Русија и Украина и затоа дошол во Пекинг да се сретне со Си Џинпинг, само два месеци по официјалната посета на Кси на Будимпешта.

Орбан истакна дека, освен завојуваните страни, одлуката на трите светски сили, САД, ЕУ и Кина, зависи од тоа кога ќе заврши руско-украинската војна и затоа по средбите со конфликтните страни , тој дојде во Пекинг.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно денеска пристигна во ненајавена посета на Пекинг, каде што се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, јавуваат кинеските медиуми.

По пристигнувањето во Пекинг, Орбан на Фејсбук објави фотографија од аеродромот во Пекинг, со објава „По Киев и Москва, пристигнавме во Пекинг, третата станица на мировната мисија“.

Посетата на Орбан на Пекинг не беше најавена, но по неговото пристигнување во Пекинг на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Кина беше објавено дека Орбан денеска ќе престојува во Кина и дека со Си Џинпинг ќе разговара за прашања од заеднички интерес.

На 5 јули, Орбан беше во исто така ненајавена посета на Моксва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и разговараше со него, меѓу другото, за ситуацијата во Украина, а претходно на 2 јули го посети Киев и разговараше со претседателот на Украина. Володимир Зеленски.

По повод посетата на Орбан на Москва, претставници на ЕУ најавија дека тој нема мандат да ја претставува ЕУ во разговорите со Русија.

Слични содржини