Возачот на автобусот кој удри во жардињера се расплака: Многупати јас ќе пријавам дефект, утредента возилото го земаме потпишано дека е сервисирано а ништо не е допрено

од Milan1
8,4K прегледи

Пред ЈСП денес избувна вербална расправија помеѓу вработените и директорот за тоа кој е виновен за вчерашната несреќа кога автобус на ЈСП  удри во жардињера во близина на ТЦ „Мавровка.

Членовите на синдикатот тврдеа дека автобусот имал долгогодишни механички проблеми кои биле пријавени, но никогаш не биле решени.  Новиот директо на ЈСП, Драги Кушовски, ги отфрли тврдењата за небрежност, сугерирајќи да не се даваат паушални изјави. На ова реагираше возачот на автобусот кој учествувал во несреќата, Февзи Арифи, кој емотивно ги раскажа своите искуства од пријавувањето на дефекти кои никогаш не биле поправени.

„Директоре, многупати ќе пишам и ќе пријавам дефект со своја рака, следниот ден го земаме возилото со истиот дефект, потпишано е дека е сервисирано и исправно за линијата, а ништо не е допрено. Со години, должам линија 2. Од Сарај до Автокоманда, ми побеле косата од волан, вакво нешто не ми се случило. Доста е веќе“, изјави Февзи Арифи со солзи во очите.

Инцидентот се случи вчера во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Во сообраќајната несреќа беа повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош беа пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

Слични содржини