Разговор Мицкоски-Мелони: Побарав поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во ЕУ

од Milan1
49 прегледи

На маргините на НАТО самитот, македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

-Разговаравме за продлабочена соработка, побарав поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во Европската Унија. Разговарав и за можноста за зголемување на економската и трговската размена на двете земји. Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор, истакна Мицкоски.

Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон ја предводи македонската делегација во чиј состав се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

Слични содржини