📷Метју Меконахи ги загрижи фановите со фотографија на која окото му е речиси затворено

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Актерот Метју Меконахи на својот Инстаграм профил сподели фотографија со многу отечено око и ги загрижи обожавателите. Имено, актерот го искасала пчела, што предизвикало силна реакција во окото кое било отечено и речиси целосно затворено.

Оваа несреќа многумина ја поврзаа со новиот филм што го снима Метју. Станува збор за криминалистичкиот трилер „The Rivals of Amziah King“. Иако многу малку се знае за филмот, снимката од сетот го покажува Меконахи со неколку кутии мед.

Затоа се шпекулира дека убодот од пчела се случил за време на снимањето на филмот, пренесува The Mirror.

Фотографијата на Инстаграм има речиси 400 илјади лајкови, а многу фанови во коментарите ја изразија својата загриженост. „Ај, престани“, „Што е ова, дали си добро?“, „Те молам внимавај“, „Ау, што ти е на окото?“, се дел од коментарите.

Многумина се пошегуваа со него во коментарите.

„Треба да видите како изгледа другиот лик“, „Кога животот ќе ти даде пчела, правиш мед“, напишале неговите следбеници.

Во коментарите се огласија поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, манекенката Синди Крафорд и бројни други ѕвезди.

Слични содржини