Ariel за фестивалот на брзина во Гудвуд го најави теренскиот модел Nomad 2 кој на британскиот пазар ќе има цена од 67.992 фунти.
Како што е наведено, Nomad 2 се разликува од својот претходник по речиси сите механички детали, но останува целосно верен на исклучително успешниот оригинален концепт.
Најголемата механичка промена на Nomad 2 е усвојувањето на 2,3-литарски четирицилиндричен турбо бензински мотор од Ford, достапен во неколку верзии, од 260 КС до 305 КС. Забрзувањето до 100 km/h е 3,4 секунди.
Стандардниот менувач е мануелниот шестстепен на Ford кој обично го придружува овој мотор, но Ariel планира да понуди секвенцијален шестстепен како опција.
Nomad 2 добива сопирачки од моделот Atom (дискови од 288 мм), а ќе има и стандарден ABS. Вклучени се и контрола на тракцијата и контрола на стабилноста.
Автомобилот е долг 3400 mm, висок 1475 mm, меѓуоскиното растојание е 2396 mm, а растојанието од подлогата е 231 mm. Конечно, клиентот може да избере помеѓу неколку комплети тркала, од 16 до 18 инчи.