Снопче: Очекуваме нов Закон за игри на среќа со што казината ќе се намалат за половина

од Nikola Popovski
163 прегледи

Пратеници од редовите на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ поднеле барање за автентично толкување на Член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри, за да добијат прецизно толкување дали претходната одлука на Владата и на раководството на Државната лотарија за онлајн коцкање има законска основа.

Пратеникот Халил Снопче информира дека првиот чекор од нивниот план е отстранување на коцкањето од домовите.

-Нашите правни тимови се убедени дека одлуките за три нови компании за организирање на игри на среќа преку Интернет се целосно без основа. Очекуваме Владата да го поткрепи ова наше уверување со соодветно мислење, рече Снопче на прес-конференција во Собранието.

Пратеникот од ВЛЕН очекува од Владата во разумен рок да му предложи на Собранието, нов Закон за игрите на среќа, кој ќе содржи низа одредби со кој се сигурни дека бројот на постоечките објекти за игри на среќа, како што вели, ќе се намалат минимум за половина.

Како што рече, во рамките на владејачката коалиција постои политички волја овој план да се спроведе во целост

Слични содржини