160
Малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тие се пренесени на Клиниката за токсикологија.
-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.