Малолетниците примени на Токсикологија во безсознание се во стабилна состојба

од Илинка Илиоска
49 прегледи

Сите четворица малолетници, кои вчера беа примени на Клиниката за токсикологија со тешка здравствена состојба, се во свесна состојба и со стабилни витални параметри, изјави директорот на Клиниката, Андон Чибишев.

Докажано е присуство на психоактивни супстанци кај децата, но нема присуство на алкохол или посериозни повреди.

Малолетниците остануваат на Клиниката за токсикологија за понатамошно лекување и надзор, додека истрагата за расчистување на случајот продолжува. Тие беа пронајдени во безсознание во куќа во Скопје.

Слични содржини