Продолжува засиленото полициско присуство на територија на СВР Скопје

од Илинка Илиоска
101 прегледи

Во текот на изминатата вечер, полициски службеници од СВР Скопје продолжиле со зајакнати превентивни активности за одржување на безбедносната состојба на територија на СВР Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Биле спроведени сообраќајни контроли во Чаир и Центар при што биле преземени 40 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а легитимирани 38 лица. Прегледи биле извршени кај 41 лице, 27 моторни возила и два мотоцикли.