Македонија ќе добие помош од Србија, Словенија, Црна Гора и Турција за гасeње на пожарите

од Nikola Popovski
38 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека земјава наскоро ќе добие помош во борбата против пожарите од Србија, Словенија, Црна Гора и Турција.

„Се бориме со огнени стихии предизвикани од топлотен бран. Во интензивна комуникација сме со неколку пријателски земји од кои очекуваме помош за гаснење на пожарот во рамките на нивните можности“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Додаде дека за скоро пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора.

Тој потсети дека министерот за одбрана Владо Мисајловски, за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за внатрешни работи Панче Тошковски се во постојана комуникација со своите колеги од споменатите земји.

Мицкоски додаде дека во гаснењето на пожарот биле вклучени војската и полицијата.

Тошковски, Мисајловски, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и градоначалниците на Кавадарци Митко Јанчев и Неготино Горан Стојанов, вчера еа на терен со цел кооординирање на активностите за побрзо совладување на огнот.

„Со здружени напори и координација меѓу сите релевантни институции, правиме сè што е во наша моќ за да го ставиме пожарот под контрола и да ја заштитиме безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Благодарност до сите вклучени во акцијата за нивната посветеност и професионализам“, истакна министерот Тошковски.

Владата пред два дена прогласи кризна состојба поради големиот број пожари на територијата, а одлучено е да трае 30 дена поради топлотниот бран.

Најголеми пожари има кај Неготино и на планината Серта.

Слични содржини