Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска откри дека судии и обвинители барале средби со него, но, тој одбил да се сретне.
-Ми бараа средби, но нема да примам никого. Не ми треба тоа. Треба да работат за тоа што се платени. Треба на граѓаните да им служат, не на мене. Немам браќа или братучеди кои имаат интерес со судството, ниту имам намера да владееме на тој начун што преку судии и обвинители ќе вршиме политички притисок. Сакам правда и да го испорачаат за тоа што се платени, рече Мицкоски од Охрид, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој го повтори неговиот предлог да се смени Законот и самите обвинители и судии да си изберат свои претставници во овие две институции, но напомена дека овој предлог наиде на отпор од страна на оној на кого не му одговара промената и е навикнат на истиот принцип како до сега.
Мицкоски беше запрашан во контекст на јавните пораки што си ги упатија со американската амбасадорка, Анџела Агелер за реформите во судството и најавите на Владата за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители.