Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин може повторно да се кандидира за нов мандат во 2027 година, пишува Гардијан.
Во февруари, Конгресот на УЕФА направи измени во статутот на организацијата што ќе му овозможи на 56-годишниот функционер да остане на својата функција до 2031 година.
Чеферин претходно изјави дека нема намера да се кандидира за нов мандат. Според изворот, шефот на УЕФА разговарал со претставници на неколку европски федерации за потенцијалното „погазување“ на ветувањето. Поддржан е од околу 20 членки на УЕФА.
Главната причина за Чеферин е немањето соодветен наследник. Во моментов ниту еден кандидат ниту лично не се изјаснил за желба да се кандидира за претседател на УЕФА.
Чеферин беше избран на оваа функција во септември 2016 година. Пред тоа беше на чело на Фудбалскиот сојуз на Словенија.