62
Во Дубровник во понеделник температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени, што е нов рекорд во Хрватска измерен на мерните станици на Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ), јавува Н1 Загреб.
Претходно, највисоката температура на морето во Хрватска, откако се достапни мерењата на ДХМЗ, беше измерена на 21 јули 2015 година во Раб и изнесуваше 29,5 °C.
Високите температури на морето се измерени вчера во 17 часот во Раб (29,2), во Малинска на островот Крк, во Цриквеница и Мљет (29,1 °C), а во Шибеник 28,5 степени.