И пожарот кај Радовиш ставен целосно под контрола

од Nikola Popovski
25 прегледи

Пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола, објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој упати благодарност до радовишките пожарникари, градоначалникот на Радовиш и локалното население кое даде голема подршка во справувањето со овој пожар.

Во моментов на територијата на државата како активни се водат 11 пожари. Се интервенира од копно и од воздух.

Убава вест пристигна и од Битола откако локалната власт информираше дека со целосна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ Битола, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи, целосно е ставен под контрола пожарот над Битола.

Од таму велат дека претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои 3 од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта која стигна за справување на Македонија со пожарите.

Полицијата веќе има информации за неколку предизвикувачи на пожари.

Слични содржини