СДСМ: За задоцнетата реакција и целосното потфрлање во справувањето со пожарите одговорноста е кај Владата на Мицкоски

од Milan1
21 прегледи

Неспоредливо е тоа што го направи СДСМ за подобрување на системот за гасење пожари со неправењето ништо од страна на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија.

– Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари. Беше набавено ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“.

Во континуитет го одржувавме високото технолошко ниво, редовно ремонтирање на леталата и нивна модернизација. Изминатите години Владата на СДСМ успешно и без помпа по медиумите секое лето ги менаџираше пожарите без да се загрози ниеден објект и со минимални штети.

Алиби соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покријат овие факти.

За навременото делување со денови, задоцнетата реакција и целосното потфрлање во справувањето со пожарите одговорноста е кај Владата на Мицкоски и надлежните институции.

Одговорност мора да има. Конечно, ВМРО-ДПМНЕ треба да земе и да работи, граѓаните за тоа ги избраа, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Слични содржини