Оваа секојдневна навика може да го подобри здравјето на срцето

од Milan1
201 прегледи

Одржувањето оптимално здравје на срцето не изгледа така едноставно, сепак, постои нешто што и не е така тешко кое можеме да го направиме за да ја подобриме нашата кардиоваскуларна функција и да го намалиме ризикот од срцев удар.

Кардиологот д-р Едвард Фишер откри едноставна навика која ја практикува секој ден за да го подобри и одржува здравјето на своето срце.

„Искористете ги и најмалите можности за редовна физичка активност што не мора да ја правите во теретана или со тренер“, изјави тој за Парад.

Тоа може да биде нешто едноставно, како на пример да ги избереме скалите наместо лифтот, да паркираме подалеку од местото каде што одиме и да одиме на прошетка.

Неговиот совет е поддржан од Американското здружение за срце (АХА).

Според здружението, помалку седење и повеќе физичка активност, па дури и само одење, „се еден од најдобрите начини да го одржиме нашето тело здраво и да го ослободиме стресот“.

Тоа не само што може да го намали ризикот од срцеви заболувања, туку и да го подобри расположението, да ја зголеми енергијата и да го подобри квалитетот на сонот.

Слични содржини