Пеколното топло време продолжува, со што и денес ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека разладување се очекува од петок, односно претстојниот викенд.
Максималната температура се очекува да достигне и до 42 степени, а УВ индексот ќе изнесува 10.
Во Скопје, пак, времето ќе биде сончево и многу топло, минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната температура ќе достигне 41 степен.
Во следните денови и понатаму ќе биде претежно сончево и многу топло со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во петок и за време на викендот, а особено во сабота, во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.