Прв пат по атентатот Бајден остро го нападна Трамп: „Лаже како ѓавол“

од Илинка Илиоска
42 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден повика на општа забрана на пушката користена во саботата во атентатот врз републиканскиот ривал Доналд Трамп и во своето прво обраќање по тој настан рече дека политичката ситуација во земјата станала премногу вжештена.

„Помогнете ми да ги ослободам американските улици од овие воени оружја. АР-15 беше користен во пукањето на Доналд Трамп. Ова е оружје што уби толку многу други, вклучително и деца. Време е да се отстрани и да стане незаконско“, рече сегашниот претседател во Лас Вегас.

Го направив тоа еднаш и ќе го направам повторно, додаде тој. На годишната конвенција на Националната асоцијација за напредок на обоените, голем собир на афро-американската заедница, Бајден истакна дека е целосно вклучен во кампањата, за реизбор на функцијата претседател, а толпата го поздрави со извици „уште четири години“.

Тој рече дека му олеснало и е благодарен што Трамп не бил сериозно повреден на предизборниот митинг во Пенсилванија во саботата, па повторно повика на „снижување на температурата“ во општеството. „Нашата политика премногу се вжешти“, рече Бајден.

Обидот за атентат врз неговиот републикански ривал ја поттикна кампањата на Бајден во последните денови да ги повлече своите телевизиски реклами, да се откаже од вербалните напади врз него и наместо тоа да се фокусира на пораката за единство.

Сепак, враќајќи се во предизборната кампања, Бајден испрати остри критики од Лас Вегас до Трамп како поранешен претседател на различни фронтови, вклучително и неговото управување со економијата за време на пандемијата на коронавирус. Тој го оцени мандатот на Трамп на чело на САД како „пекол за Афроамериканците“.

„Дозволете ми да повторам бидејќи Трамп лаже како ѓавол за тоа – невработеноста на црнците достигна рекордно ниско ниво за време на администрацијата Бајден-Харис“, рече Бајден, критикувајќи ги тврдењата на Трамп дека неговиот претходник Барак Обама не бил американски државјанин и за неговото осврнување на „црните работни места“ на дебатата Трамп-Бајден на 27 јуни.

Претставниците на Белата куќа се надеваат дека обидот за атентат врз Трамп ќе го намали притисокот врз Бајден да се повлече како кандидат на Демократската партија како одговор на загриженоста за неговата ментална острина и издржливост да отслужи уште еден четиригодишен мандат.

На крајот од својот говор во Лас Вегас, Бајден се осврна на критиките дека е премногу стар за таа работа. „Се надевам дека денес покажав малку мудрост. Еве што знам – знам да ја кажам вистината. Знам добро од погрешно. Знам како да ја вршам оваа работа. И знам дека добриот Господ не нè донесе дотука за да нè остави сега. Имаме уште работа“, рече тој.

Слични содржини