137
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција информира дека Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари, од страна на претходната влада. Очекува ОЈО да реагира по ваквите тврдења.
-Имаме многу доспеани обврски и не се пријавувани. Понатаму надлежноста е на другите институции, кажа министерка на пресот во Владата.
Димитриеска Кочовска вели дека месец јануари 2025 година е најкритичен, кога треба да се исплати еврообврзницата во вредност од 500 милиони евра, а истовремено има и државни хартии во вредност кои доспеваат, во вредност од 136 милиони евра.