Во Германија забрането десничарското списание „Компакт“

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Германската федерална министерка Ненси Фесер (СПД) го забрани десничарскиот екстремистички магазин „Компакт“ (Compact-Magazin). Ова го објавија германските јавни радиодифузери ARD и SWR.

Имено, од раните утрински часови, како што јавуваат германските медиуми, безбедносните службеници ги пребаруваат деловните простории на „Компакт“ во Фалкензе и Вердер во близина на Берлин и Потсдам. Во потрага по докази, полицијата извршила претрес во станбениот простор во кој со сопругата живее главниот уредник на тоа списание, Јирген Елзесер, односно становите на некои други вработени во „Компакт“.

Правна основа за забраната е Законот за здруженија, според кој фирмите кои во својата работа се борат против слободарско-демократскиот основен поредок на Германија може да бидат забранети од Сојузното МВР.

Забраната беше поткрепена со обемна колекција на доказниот материјал во сопственост на Сојузната канцеларија за заштита на уставниот поредок, а во таа акција учествуваше и Канцеларијата за заштита на уставниот поредок во Бранденбург.

Германската федерална, како и надлежните служби на ниво на провинција, со години ја следат работата на „Компакт“. Од крајот на 2021 година во своите оценки наведуваат дека „Компакт“ е „дефинитивно екстремно-десничарски“.

Слични содржини