Мајкрософт објави технички инструкции за решавање проблеми со системот Виндоус

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Американската корпорација Мајкрософт на својата веб-страница објави технички упатства за решавање на проблемот со оперативниот систем Виндоус кој предизвика голем прекин на ИТ услугите ширум светот.

Како што е наведено, Мајкрософт, меѓу другото, им објаснил на клиентите како да ја избришат системската датотека на компанијата за сајбер безбедност Краудстрајк, бидејќи се верува дека безбедносното ажурирање на оваа компанија довело до тешкотиите, наведува Блумберг.

Мајкрософт исто така ги повика корисниците да контактираат со Краудстрајк за дополнителна помош.

Слични содржини