Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средба со британскиот крал, Чарлс Трети. Средбата се одржала во пријателска и конструктивна атмосфера, при што, наведува премиерот, дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области.
-Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство, стои во објавата на Мицкоски на социјалните мрежи.
Премиерот во текот на изминатите денови остварил повеќе билатерални средби, меѓу кои и со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, со претседателот на Република Срвија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора, како и со бугарскиот претседател Румен Радев.
Мицкоски ја предводеше владината делегација на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон.