Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во повеќе здравствени установи.
– Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче
– Институт за трансфузиона медицина–Скопје, Амир Елези
– Општа болница Куманово, Стефан Трајановски
– Општа болница Велес, Александар Бузалков
– Психијатриска болница Демир Хисар, Стевче Цветановски
– Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија, Невена Маневска
– Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“–Скопје, Мухсин Арифи
– Општа болница Охрид, Горан Маркоски
– Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Игорче Џиковски
– Универзитетска клиника за детска хирургија, Лазе Јовчевски
– Здравствен дом Вевчани, Рената Пешиновска
-Центар за јавно здравје Тетово, Шпенди Амети
– Центар за јавно здравје Прилеп, Горан Кузески
– Здравствен дом Радовиш, Стојанче Петров
Медицински директор на универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ ќе биде проф. д-р Марија Срцева.
Од МЗ соопштија дека во Специјализирана болница за нефрологија-Струга в.д директор ќе биде д-р Берат Лена, додека на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ се именува проф. д-р Цветанка Бајрактарова.
Министерот реши на Универзитетскиот институт за клиничка биохемија како в.д. директор да ја именува д-р Николина Гроздановска.
Вчера беше соопштено дека за директор на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија е именуван д-р Огнен Костовски. За директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија е именуван д-р Оливер Зафировски.
Д-р Реџеп Мемеди е именуван за директор на Универзитетската клиника за детски болести, а за директор на градската општа болница „8 -ми Септември“ е именуван д-р Синиша Стојаноски.
Од претходно, нови директори добија и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и Клиника за ревматологија.
Со Институтот за јавно здравје, пак, ќе раководи Марија Андоновска – досегашна советничка во Советот на Град Скопје.
Таравари ги нарече смешни обвинувањата на опозицијата за именувањето на новите директори по клиниките, меѓу кои „немало Албанец“. Министерот истакна дека, напротив, со неговото доаѓање на чело на ресорот здравство се зголемил бројот на директори Албанци во клиниките.