109
Компанијата ФЦА Србија во понеделник официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката „Стелантис“ во Крагуевац – воведување нови линии за производство на електричниот модел „Фиат Гранде Панда“.
На свеченоста во Крагуевац, по повод почетокот на производството на електричното возило, се очекува присуство на највисоките државни функционери и претставници на Стелантис.
Новиот модел е изработен во две верзии – електрична и хибридна, а од Крагуевац прво ќе пристигне во Европа, потоа на Блискиот Исток и Африка.