Премиерот најави: Лично на царина ќе ги гледам фактурите за увоз на медикаменти

од Nikola Popovski
282 прегледи

Нема да ги кратиме средствата во здравството. Еве да дадам и една ексклузивна информација – главен приоритет на оваа Влада ќе биде завршување на Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево. И веќе работиме со сериозна компанија која тоа ќе го направи по еден економски модел кој што го работиме во моментов, а кој нема да значи сомневање за криминал или посебно специјални закони. Се ќе се биде тендерски и законски. Ние кратиме само онаму каде што требаше да се скрати, рече премиерот Христијан Мицкоски во однос на реакциите за ребалансот на Буџетот и обвинувањата за кратења во одредени ресори.

Претседателот на Владата најави и дека нема да дозволи да недостига ниту денар за граѓаните. Мицкоски истакна и дека „лично ќе ги надгледува фактурите на царина“ за увозот на медикаменти.

-Ќе седнам и ќе ги гледам за да нема ненормални приходи кај поединци, на штета на граѓаните. Лично ќе седам и ќе ги гледам, навести премиерот.

Според него, состојбата во здравството е „апокалиптична и девастирана“ и дека „се почнува од минус 100“.

Слични содржини