Млад Австралиец фатен како користи кокаин во дискотека во Охрид

од Nikola Popovski
97 прегледи

Млад австралиски државјанин бил фатен на лице место во Охрид како консумира опојни дроги, информираат од Охридската полиција.

Лицето било затекнато рано утрово во дискотека.

-На 21.07.2024 во 02.55 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа Ј.Н.(20) од Австралија затоа што при контрола во објектот бил затекнат при користење кокаин, соопшти портпаролот на СВР Охрид.

Кокаинот е пронајден и одземен. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини