Ердоган подготвен да изгради воена база на Кипар доколку е потребно

од Nikola Popovski
111 прегледи

Турција е подготвена да изгради воена база во северен Кипар „доколку е потребно“, изјавил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува официјалната новинска агенција Анадолу.

„Доколку е потребно, можеме да изградиме база и поморски структури на северот. И ние имаме море“, изјавил турскиот претседател во авионот на враќање од Кипар, каде што вчера присуствуваше на церемониите по повод 50-годишнината од интервенцијата на турската армија. Тој ја обвини Грција дека сака да воспостави таква база на поделениот медитерански остров.

„Ја градиме зградата на претседателството (на самопрогласената Турска Република Северен Кипар) и зградата на парламентот на островот. Тие градат воена база, а ние политичка база“, рекол Ердоган.

Во 1983 година, Турската Република Северен Кипар беше прогласена во северниот дел на Кипар, кој е признаен само од Турција.

Шефот на турската држава уште еднаш отфрли секаква можност за продолжување на меѓународните преговори за иднината на Кипар, сметајќи дека единствениот можен начин е директно да се преговара со кипарските Грци, на рамноправна основа.

„Искрено не мислиме дека е можно да се започне нов преговарачки процес без воспоставување еднаквост по која двете страни ќе седнат на маса како еднакви и ќе ја напуштат како еднакви“, рече Ердоган.

Островот Кипар е поделен откако Турција го зазеде северниот дел од островот на 20 јули 1974 година, како одговор на пучот на националистичките кипарски Грци кои сакаа да го припојат кон далечната Грција.

Република Кипар, единствената меѓународно призната, ја користи власта само во јужниот дел на островот, поделен со тампон зона под контрола на ОН, од северниот дел на Турската Република Северен Кипар, самопрогласена и признаена само од Анкара.

Слични содржини