Уапсено уште едно лице поради бегството на Фатон Хајризи од затвор

од Nikola Popovski
138 прегледи

Поради бегството на Фатон Хајризи од затвор на 6 јули денеска е уапсено лице осомничено дека му помагало. Ова е второ лице кое е уапсено, откако ден претходно му беа ставени лисици на првоосомничениот за бегството на Хајризи од затворот во Смреконица, пишува „Газета Експрес“.

Веста за второто апсење за „Газета Експрес“ ја потврдил портпаролот на Основното обвинителство во Митровица, Ваљон Претени.

„Осомничениот е уапсен околу 16:00 часот и одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа“, појаснил Претени.

Во меѓувреме, за осомничениот, кој беше уапсен во саботата, Претени информира дека против него во надлежниот суд ќе биде побарана мерка притвор.

„За уапсениот вчера ќе се бара мерка безбедност“, изјавил Претени..

Деталите за тоа како осомничените му помогнале на Хајризи да избега од затвор, не се објавени.

Фатон Хајризи, кој српските власти го задржаа околу 40 часа како осомничен за убиството на српскиот полицаец и ранувањето на друг, беше убиен минатиот петок.

Слични содржини