Ким Катрал одговори на гласините дaли ќе биде во новите епизоди на „Сексот и градот“

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Ким Катрал, најпозната по улогата на Саманта Џонс во легендарната серија „Сексот и градот“, одговори на гласините дека ќе се појави во новата сезона на спин-офот „And Just Like That…“.

Откако таа имаше мала улога во втората сезона од серијата, многу фанови се надеваа дека ќе видат повеќе од Саманта во третата сезона.

Магазинот Life & Style на 10 јули објави дека Катрал се согласила да глуми во третата сезона. Но, таа сега јасно стави до знаење дека тоа не е вистина.

„Толку сте мили, но јас не се враќам“, рече таа.

Во меѓувреме, извор изјави за Life & Style: „Бидејќи и го отворија патот на Саманта да се врати, се претпоставува дека склучиле договор со Ким и само чекаат вистинско време да го објават тоа. Гласините велат дека ќе може да ги снима сите свои сцени во Лондон. Ќе се обидат да и платат многу, а се е по нејзини услови“.

Ким се појави во последната епизода од втората сезона, во која Саманта има телефонски разговор со Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер. Таа наводно имала два услови за тоа „појавување“.

„Ким имаше два услова, да не глуми со ниту еден од нејзините поранешни колеги и да не го гледа Мајкл Патрик Кинг“, изјави извор за Page Six.

Пред две години, Сара Џесика Паркер зборуваше на поткастот на The Hollywood Reporter за нејзината врска со актерката Ким Катрал.

„Многу е тешко да се зборува за ситуацијата со Ким затоа што внимавам да не кажам нешто непријатно бидејќи така не сакам да зборувам за толку комплицирани теми. Снимањето на третиот филм пропадна поради нејзините барања. Имено, не ни беше удобно да се сретнеме таму каде што таа сакаше, па се откажавме од филмот бидејќи не сакавме да го снимаме без неа“, изјавила Сара.

„Секој актер има право да бара што сака и да добие договор со кој е задоволен. Никогаш не би се мешала во тоа бидејќи не зависи од мене. Дали бевме разочарани? Да, но тоа се случува“, додала таа.

Паркер вели дека затоа на крајот било одлучено да се сними спин-офот без Катрал. „Не побаравме од Ким да биде дел од ова, бидејќи таа јасно стави до знаење дека тоа не е нешто што таа сака да го прави и ние не се чувствуваме удобно со тоа“, рече таа тогаш.

Слични содржини