Нов сој на корона вирусот забрзано се шири, но не предизвикува тешки последици

од Milan1
98 прегледи

Новата варијанта на коринаирусот, позната како ФЛИРТ предизвика бран инфекции во Холандија и покрај летните горештини. Професорката по вирусологија на Универзитетскиот медицински центар Еразмус во Ротердам, Марион Копманс забележала дека најточниот показател на обемот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води.

Бројот на вирусни честички во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период 2023 или дури 2021 година, кога беше распостранет уште еден сој на коронавирусот, делта, додаде професорката.

Како што таа неведува, актуелниот бран на болеста не се споредува со претходниот. Сепак, како што таа напоменува, нема причини за паника.

Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко, отколку порано. Бројот на хоспитализации во овој момент скоро и да не се зголемува, и покрај големиот број инфекции, вели Копманс и додава дека кашлицата, затнат нос, главоболка и болки во мускулите се меѓу симптомите.

Националниот институт за здравје на Холандија од 8 до 14 јули тестирал 10.300 Холанѓани и било откриено дека 1,3 отсто од нив се заразени со коронавирус.

Слични содржини