Беше шампион во Премиер лигата со Лестер, отиде во Челси за 38.000.000, сега го исмеваат дека работи на градилиште

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Дени Дринквотер (34) беше дел од тимот на Лестер кој во сезоната 2015/16 изненадувачки ја освои титулата во Премиер лигата, десет бода повеќе од второпласираниот Арсенал. Само две години пред тоа со Лестер освои промоција од Чемпионшип во Премиер лигата. По освојувањето на титулата, тој се проби во репрезентацијата на Англија, а малку подоцна доби трансфер во Челси вреден 37,9 милиони евра. Денес работи на градилиште.

По бајката со Лестер, падот на Дринквотер започна со преселбата во Челси, каде што не успеа да избори место во тимот. Повредите почнаа да го забавуваат, беше испратен на позајмица, а кариерата му заврши во 2022. Во меѓувреме имаше проблеми и со законот.

Покрај тешката фудбалска ситуација, тој имаше проблеми и во приватниот живот. Почнал да „заглавува“ навечер, а по еден состанок завршил во затвор. Учествувал во сообраќајна незгода по која бил уапсен и поради која му била одземена возачката дозвола 20 месеци.

Две години по крајот на кариерата, тој ги изненади своите следбеници на Инстаграм со објава од новата работа. Се фотографирал на градилиште. Очигледно ова предизвика негативни коментари и потсмев бидејќи приказната ја надоврза со друга во која го ископира одговорот на еден од неговите следбеници кој му напиша дека „го допрел дното“.

Дринквотер одговорил дека градилиштето е негов избор и дека му се допаѓа тоа што го прави.

Во интервју за британски „Телеграф“, фудбалерот кој забележа три настапи за репрезентацијата на Англија, пред неколку месеци проговори за своите проблеми.

– Знам дека мојот трансфер во Челси не помина како што замислував. Направив многу грешки – призна поранешниот младински играч на Манчестер Јунајтед и додаде дека посетува психолог.

Во неговата премиерна сезона во Челси во 2017/2018 година, тој забележа 22 настапи во сите натпреварувања со еден гол, но неговиот имиџ и кариерата отидоа во надолна линија во април 2019 година, кога пијан се удри со својот автомобил во сообраќајна несреќа.

– Не го искористив Челси за да го оправдам моето пијанство. Очигледно мојата психичка состојба не беше најдобра, но не требаше да се случи, истакнува тој.

Поради овој инцидент, тогашниот тренер Маурицио Сари го суспендираше од тимот, а потоа беше позајмен во Барнли до крајот на сезоната каде одигра само два натпревари.

Епизодата на Барнли исто така беше заборавена. Не ја доби наклонетоста на менаџерот и исфрустриран од тоа отишол во дискотека каде што бил нападнат.

-Некој рече дека сум се обидел да нападнам девојка на фудбалер, но тоа не беше вистина. Ме ограбија и ме претепаа. Времето беше страшно, а најлошо од се беше што го исчашив зглобот – изјави англискиот фудбалер.