Предлогот на германската влада за даночни олеснувања за висококвалификуваните странски работници го нарушува принципот на даночна правичност, предупреди првиот човек на здружението на работодавачи Рајнер Дулгер.
Предлогот за даночни олеснувања е составен дел од иницијативата со која Берлин сака да го стимулира економскиот раст и да помогне во решавањето на проблемот со хроничниот недостиг со привлекување висококвалификувани работници од странство.
Владата во првите три години би се откажала од данокот на 30, 20 и 10 отсто од бруто платата, со дефиниран праг или плафон.
Со овој предлог владата „испраќа погрешен политички сигнал“ и најверојатно ќе предизвика немир меѓу работниците, изјави за новинската агенција ДПА првиот човек на здружението на работодавачи во Германија.
Берлин би можел да привлече и странски работници со даночни олеснувања за сите работници во Германија, нагласи Дулгер.
Министерот за финансии Кристијан Линднер од про-бизнис либералната партија ФДП рече дека олеснувањето ќе им биде понудено на менаџерите на највисоките нивоа на управување кои ќе добијат „даночен бонус за вработување“.
Линднер потврди дека владата ја забележала неподготвеноста на работодавачите кон предложените олеснувања.
„Затоа прво ќе разговараме. Нема да воведуваме ништо што работодавачите активно нема да го користат“, нагласи министерот за финансии.
Од Трговскиот секторот веќе го критикуваа владиниот предлог, забележува ДПА.