Како може Tesla Model 3 да чини (само) 26.900 евра во Шпанија?!

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Најголем попуст има на основниот Model 3 со погон на задните тркала, кој може да биде 17.000 евра поевтин во споредба со другите европски пазари. Но, за да се постигне толку ниска цена во Шпанија, потребни се голем број на стимулации.

Придобивките во Шпанија вклучуваат владина стимулација од 4.500 евра за електрични автомобили, 2.500 евра субвенција за префрлување од автомобил со мотор со внатрешно согорување, насочена климатска стимулација од 1.210 евра и даночен одбиток од 15 отсто. Покрај тоа, Tesla дава дополнителен Tesla Boost од 3.290 евра за дополнително зголемување на продажбата во комбинација со владините стимулации, според „HAK“.

Tesla неодамна забележа значителен успех во Шпанија. Во првата половина од годината продажбата е зголемена за 36 отсто во однос на истиот период лани, а сега се очекува уште повеќе да се зголеми.

Tesla Model 3 во моментов е најчестиот нов електричен автомобил во Шпанија. Дури и SUV Tesla Model Y во основната верзија со погон на задните тркала чини само 30.000 евра.

Слични содржини