Работите на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се со задоволително темпо. Очекувањата на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈПДП, Коце Трајановски се дека патот кој чини околу 94 милиони евра да биде завршен до Нова година.
-Патот се гради во два Лота и тоа од Страцин до Длабочица во должина од 15 километри и од Длабочица до Крива Паланка во должина од 10 километри. Досега процентот на изградба на едниот Лот е 71%, а кај другиот Лот е околу 90%. Очекуваме до Нова година да биде завршен, кажа Трајановски.
Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка ќе го скрати и времето за патување до Софија.
-Овој пат ќе помогне да се забрза комуникацијата со Софија, да се скрати времето на патување за да се отвори нашиот главен град и кон и Софија и патувањето да дојде на некои пристојни два и пол часа, што мислам дека е едно сосема пристојно време за патување од Софија до Скопје и на тој начин да го отвориме Коридорот 8, рече Николоски.
Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка започна во 2018-та година.