Поради нападот во регионот Суми во Украина, без струја се 50.400 потрошувачи

од Илинка Илиоска
37 прегледи

Украинското Министерство за енергетика денеска соопшти дека 50.400 потрошувачи останале без струја поради нападот во текот на ноќта врз енергетскиот објект во северниот украински регион Суми.

Како што е наведено на Телеграм, погодени се потрошувачите во 72 населени места.

Во изминатите 24 часа беспилотно летало нападна енергетски објект во регионот на Суми, при што беа оштетени трафостаници и потрошувачи приклучени на нив во регионите Суми и Чернигов.

Слични содржини