Мажи си размениле кутија од цигари, полицијата во неа пронашла кокаин

од Milan1
91 прегледи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(34) од Тетово и Љ.А.(38) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 16.07.2023 во с.Џепчиште, тетовско, полициски службеници ги забележале пријавените како при разминување со возилата размениле кутија со цигари, која потоа првопријавениот ја фрлил преку прозорецот, а која била пронајдена и одземена и во неа бил пронајден кокаин.

Слични содржини