Унгарија ги блокира средствата на членките на ЕУ додека Киев не дозволи испораки од Лукоил

од Nikola Popovski
278 прегледи

Унгарија ќе ги блокира средствата на Европската унија за земјите-членки кои испратија муниција во Украина, додека Киев не дозволи нафтата од руската компанија Лукоил да помине низ гасоводот на нејзина територија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

„Јасно кажав дека, додека Украина не го реши ова прашање, сите треба да заборават на исплатата на 6,5 милијарди евра од Европскиот мировен фонд (ЕПФ) како компензација за пратките со оружје“, рекол Сијарто за телевизијата „АТВ“.

Тој оценил дека Европската комисија сега е во тешка ситуација, бидејќи Украина, како што рече, го прекршува договорот што претходно го склучи со ЕУ.

„Значи, сега треба да биде јасно дали Европската комисија е способна да ги застапува европските интереси, интересите на европските земји, особено во една ваква критична работа, а тоа е безбедноста на снабдувањето со енергија“, рече Сјарто.

Тој објаснил дека во договорот за придружување меѓу Европската унија и Украина стои дека Украина не може целосно или делумно да го прекине транзитот на енергенси преку Украина до земјите-членки на ЕУ.

„Сега ситуацијата е дека снабдувањето со енергија на две земји-членки на ЕУ, Унгарија и Словачка, е исто така загрозено од Украинците, бидејќи 33 отсто од нашиот увоз на сурова нафта и приближно 40-45 отсто од словачката сурова нафта доаѓа од Лукоил од Русија, преку Украина“, потенцирал Сијарто.

Претходно Интерфакс објави дека Лукоил не испорачува нафта преку Украина до Словачка и Унгарија во текот на јули, бидејќи Киев претходно го стави Лукоил на нова листа на санкции. Бриселски „Политико“ претходно објави дека Унгарија се соочува со енергетска криза поради ограничувањата за транзитот на нафта.

Сијарто тврди дека ситуацијата во моментов е стабилизирана со помош на „привремени решенија“, но додаде дека долгорочно е невозможно да се обезбеди сигурност во снабдувањето со нафта за Унгарија и Словачка без нафтата на Лукоил.

Слични содржини