Хабиб Нурмагомедов оди во затвор?

од Milan1
352 прегледи

Откако реши да се пензионира, легендарниот ММА-борач Хабиб Нурмагомедов (35) постојано се наоѓа во сериозни проблеми поради затајување данок. Овој пат, како што пишуваат руските портали, тамошните власти се подготвени да му го одземат имотот.

Како што пренесува „Маш“, на Нурмагомедов од 5 јуни му е забрането да ја напушта Руската Федерација, а правосудните органи почнале процес за лоцирање на неговиот имот заради евентуални заплена и продажба.

Пријавено е дека Хабиб поседува семеен дом во Дагестан и импресивна колекција автомобили, вклучувајќи: „ферари калифорнија Т“ (300.000 долари), „мерцедес-бенз AMГ ГТ С“ (161.000), „мерцедес-бенз С-класа“ (122.000), „БМВ серија 7“ (101.000), „тојота ланд крузер“ (85.000), „тојота такома“ (44.000).

Малку порано, даночната управа во Русија ги блокираше сметките на организацијата „Орел ФК“, проект на Хабиб што набргу пропадна, како и на хуманитарната организација во негова сопственост. Причината, како што тврдат од Русија, е даночно затајување.

Неговиот даночен долг кон државата изнесува околу 3,4 милиони евра, а неофицијални извори велат дека тој со тие пари купил хотел и започнал бизнис во Турција и во Обединетите Арапски Емирати.

Доколку биде прогласен за виновен за затајување данок, му се заканува и затворска казна до шест години.

Слични содржини