Џенифер Лопез го прослави својот 55 роденден, Бен Афлек не дојде на забавата

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Џенифер Лопез го прослави својот 55-ти роденден. Таа на Инстаграм објави две фотографии од прославата. Ги покажа тортата и цвеќето што ги доби, а потоа им се заблагодари на обожавателите.

„Ги видов роденденските желби од целиот свет. Се насмеав и пуштив неколку солзи. Ги имам најдобрите обожаватели на светот, не можам ни да објаснам колку трогната и благословена се чувствувам што ве имам во мојот живот. Ви благодарам многу“, започна актерката.

„Сè уште се чувствувам како девојка, полна со енергија и храброст да го завладеам светот, но сепак нежна и кревка. Сакам да знаете дека вие сте мојот најголем подарок. Освен моето семејство и пријателите, секогаш бевте тука за мене. Во добри и лоши времиња, секогаш можам да сметам на вас за вашата грижа, разбирање, лојалност и – што е најважно – вашата љубов“, им порача Лопез.

Викендов таа славеше во својата вила во американското одморалиште Хемптонс.

Потоа објави фотографија во костим за капење. „Не ми се верува дека имаш 55 години. Стареш како убаво вино“, напишале нејзините обожаватели во коментарите.

Сепак, Лопез деновиве никаде не го спомна нејзиниот сопруг Бен Афлек. Магазинот People пишува дека тој не се ни појавил на нејзината роденденска забава.

Веќе подолго време се шпекулира за нивен развод, но парот се уште нема официјално соопштение. Тие неодамна ја ставија на продажба својата палата во Беверли Хилс, по што сомнежите се засилија.

Слични содржини