Компаниите на Fortune 500 загубија околу 5,4 милијарди долари поради CrowdStrike

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Една четвртина од компаниите на Fortune 500 доживеаја прекини на услугите поради минатонеделното глобално нарушување предизвикано од колапсот на ИТ системите, а предизвиканата штета се проценува на вкупно 5,4 милијарди долари, пишува Axios.

Fortune 500 е годишна листа составена и објавена од магазинот Fortune која ги рангира 500-те најголеми американски корпорации. Извештајот составен од фирмата за сајбер-безбедност Parametrix дава некои од првите проценки за тоа колку неодамнешните прекини предизвикани од пропуст во кодот на CrowdStrike беа штетни за глобалната економија.

Во просек, секоја засегната компанија изгубила 43,6 милиони долари, според извештајот на Parametrix.

Сите авиокомпании на Fortune 500 и приближно 75 проценти од водечките здравствени организации и банки беа погодени од прекините.

Parametrix проценува дека вкупните осигурени загуби низ Fortune 500 биле помеѓу 540 милиони и 1,08 милијарди долари.

Здравствениот сектор го претрпе најголемиот колективен удар, губејќи околу 1,9 милијарди долари поради исклучувањето.

За споредба, авиокомпаниите загубија околу 860 милиони долари.

Според „Гартнер“, CrowdStrike зазема само 15 проценти од уделот на пазарот за безбедносен софтвер во 2023 година, но тој удел е високо концентриран меѓу Fortune 500.

CrowdStrike соопшти дека работи со 298 Fortune 500 компании.

Секторот за софтвер и ИТ услуги беше една од најмалку погодените индустрии, според Parametrix, со само 21 процент од компаниите кои се соочија со прекини.

Тоа е затоа што повеќето софтверски компании работат на Linux, што не беше погодено од неуспешното ажурирање на софтверот на CrowdStrike.

Слични содржини