Менаџерот на елитниот англиски тим Тотенхем, Анже Постекоглу изјави дека не треба да се брза со влезни трансфери, бидејќи тоа може да доведе до грешки.
„Работиме на прашањето за доведување нови играчи, но сите мора да бидат трпеливи. Имаме развиен план и ќе го следиме со мали чекори. Понекогаш е потребно долго време да се донесе играч затоа што сакаме да го направиме во вистински момент. Не сакам да поставувам рокови. Не сакам да правам грешки и потоа да ме обвинуваат. Трансфер пазарот е динамичен и работите се менуваат секоја секунда“, изјави стручњакот за Sky Sports.
58-годишниот Постекоглу уште еднаш ги повика навивачите на „мамузите“ на трпение и вети дека ќе има нови засилувања во селекцијата.
„Во овој период од годината е тешко за навивачите бидејќи ги немаат сите информации за трансфер активноста на клубовите, но тоа се мерки на претпазливост бидејќи е преполно со лажни вести. Се надевам дека нашите навивачи ме разбраа“, додаде менаџерот на Тотенхем со грчко потекло.