Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази „сериозни сомневања“ за точноста на изборните резултати во Венецуела, според кои за победник е прогласен поранешниот претседател Николас Мадуро.
„Сериозно стравуваме дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласот на венецуелскиот народ“, изјавил Блинкен на прес-конференција во Јапонија, каде што учествува на голем меѓународен собир.
Непосредно пред тоа, претседателот на венецуелскиот национален изборен совет, Елвис Аморосо, врз основа на 80 отсто преброени гласови, објави дека Мадуро, наследникот на поранешниот претседател Уго Чавез, освоил 51,2 отсто од гласовите на вчерашните избори, а Кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес Урутија 44,2 и рече дека резултатот е „неповратен“.
Според објавените резултати, Мадуро го освои третиот последователен резултат на чело на државата.
„Императив е секој глас да се брои на фер и транспарентен начин и изборните службеници веднаш да споделуваат информации со опозицијата и независните набљудувачи, а изборните власти да објават детални резултати од гласањето“, истакнал Блинкен.
Тој додадл дека меѓународната заедница внимателно ја следи ситуацијата и соодветно ќе реагира.
Според официјално објавените резултати, Мадуро го доби третиот последователен мандат.
Венецуелската опозиција прогласи, како што ја нарече, широко распространета измама на изборите и најави дека ќе ги оспори резултатите.