Џенова се откажа од Де Хеа

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Сагата на Давид Де Хеа продолжува ова лето. 33-годишниот Шпанец останува без тим и една година по заминувањето од Манчестер Јунајтед. А сега пропадна уште една опција пред него да ја продолжи кариерата.

Изминативе денови се појавија информации дека за Де Хеа има интерес од италијанска Џенова. Сега, сепак, „Ил Секоло“ известува дека „Грифините“ се откажале од идејата да го земат Шпанецот во својот тим. Се вели дека главната причина за тоа се неговите години, а клубот претпочита да се насочи кон помлад голман.

За Де Хеа пред извесно време беше заинтересирана и Барселона, Реал Мадрид, Бетис, како и клубови од Саудиска Арабија. Сепак, официјална понуда никогаш не се реализираше и ветеранот изгледа подготвен да продолжи да бара други опции пред него.

Слични содржини